Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Макфакс/Кајгана
/ 18.04.2024 / 08:20

Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела мртов маж, за кој вели дека ѝ е вујко, во банка за да земе кредит. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката Itaú во Рио де Жанеиро ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.

Од полицијата велат дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе го одобрила, но за што било потребно одобрение и од вујкото. Додека таа се обидувала да му го намести пенкалото, главата му паѓала назад, пишува CNN.

„Вујко слушаш, мораш да потпишеш. ако не потпишеш нема шанси. Не можам да ти потпишам, мораш. Ајде потпиши, не прави проблем, јас не можам, направи го тоа повеќе“, му зборувала жената. Еден од вработените во банката во тој момент изјавил дека постарата личност најверојатно не се чувствува добро.

URL

Шефот на цивилната полиција на Рио де Жанеиро, Фабиу Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа и дека не бил жив кога бил донесен во банката. Полицијата води истрага, а засега не е покренато обвинение.

Адвокатот на семејството го демантираше полицискиот извештај: „Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банка. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе