1 јули 2000, пуштен бил големиот Ересундски мост
Комбинација на железнички и автомобилски сообраќај, мостот Ересунд ги поврзува Шведска и Данска преку Ересундскиот Теснец, оттаму и името.
Должината на мостот е 7.845 метри, широк е 23,5 метри, а висок 204 метри. Изградбата траела од 1995 до 1999 година, а главната цел била да се поврзат двата големи градови, данската престолнина Копенхаген со шведскиот Малме. Мостот продолжува со 4 километри долгиот тунел Дрогден кој е најголем на светот и има 4 линии. Дизајнот е на дански инженери од компанијата COWI.
На денешен ден данската кралица Маргарета II и шведскиот крал Густав XVI свечено го пуштиле во употреба мостот кој чинел 3 милијарди долари, а на Шведска ѝ овозможил друмски да биде поврзана со континентална Европа.
До 2019 година мостот бил најголем комбиниран мост на Стариот континент пред Кримскиот мост да го преземе приматот.