1 март 1966, прв пат човечко летало слетало на друга планета
Советскиот вештачки сателит Венера-3 на денешен ден станал првото летало лансирано од човештвото кое слетало на друга планета.
Венера-3 била автоматска научно-истражувачка станица (вештачки сателит) наменета за истражување на планетата Венера. Лансирана била на 16 ноември 1965 година од Бајконур во денешен Казахстан заедно со апаратот Венера-2 на ракетата Молния. За време на летот кон Венера биле испитувани далечинските радио врски, магнетското поле, космичкото зрачење, честичките со мала енергија, сончевата плазма и нејзиниот спектар, како и микрометеорите.
По три и пол месеци од летот, на 1 март 1966 година, се спуштила на Венера станувајќи првиот вселенски брод кој слетал на некоја друга планета.
Венера-3 била конструирана да издржи високи атмосферски притисок, но по влегувањето во атмосферата на Венера изгубила секаков контакт со контролниот пункт на Земјата.