10 декември 1868, во Лондон проработел првиот семафор
Ден претходно семафорите биле монтирани на улицата пред Вестминстерската палата и почнале со работа утрото на 10 декември.
Идејата била на железничкиот инженер Џон Пик Најт на кого му дошла од железничките сигнални системи. Причината за воведувањето на семафорите била зголемениот сообраќај на запрежни коли на улиците „Бриџ Стрит“, „Грејт Џорџ Стрит“ и „Парламент Стрит“. Имале црвено и зелено светло кои ноќе работеле на гас и кои сепак морал да ги контролира полицаец.
Работеле успешно скоро еден месец, но биле тргнати од употреба откако на 2 јануари наредната година еден експлодирал поради истекување на гас и го повредил полицаецот кој го контролирал.
Лондон на наредниот семафор чекал дури до 1925 година кога бил донесен од Њујорк.