














10 септември 1976, судир над небото на Загреб
Во страшна авионска несреќа во која два авиона се судриле при лет некаде на небото над Загреб загинале вкупно 176 лица, односно сите патници и членови на екипажот во двата авиона.
Летот 476 од Лондон за Истанбул на British Airways со авион марка Hawker Siddeley Trident удрил во летот 550 на Inex-Adria Aviopromet марка Douglas DC-9 кој летат од Сплит до Келн. Судирот бил резултат на грешка во контролната кула на загрепскиот аеродром.
Несреќата се случила во 10:41 часот утрината. Авионите паднале во близина на гратчето Врбовец на 32 километра североисточно од Загреб. Немало преживеани. Тоа е најголемата авионска несреќа во Југославија.
До пладне, сите контролори биле приведени на испрашување, а потоа ослободени сите освен Градимир Тасиќ кој потоа и судот го прогласил за виновен осудувајќи го на затворска казна од 7 години. По петиција од колегите контролори од Југославија било востановено дека Тасиќ бил жртвено јагне и по скоро 2 години затвор бил ослободен.