11 февруари 1929, основана била папската држава Ватикан
Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пие XI и Италија, основана била папската држава Ватикан.
Државата се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 49 хектари и има 764 жители. Ватикан располага со своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
Историјата на Ватикан датира многу пред 1929 година. Во 754 година била формирана првата папска држава, а независноста ја изгубила илјада години подоцна, во 1870 кога со обединувањето на Италија целиот црковен имот бил запленет од монархијата на чело со кралот Виторио Емануеле II.
Ватикан денес е убедливо најмалата држава во светот.