















11 март 1990, Литванија се одвоила, почнал распадот на СССР
Со прогласувањето на независнот на Литванија, на денешен ден официјално почнал распадот на Советскиот Сојуз.
Посетата на претседателот Михаил Горбачов на литванскиот главен град Вилнус од 11 до 13 јануари предизвикала масовен собир на околу 250 илјади Литванци кои побарале независност.
Два месеца подоцна, новоизбраниот парламент на Литванската ССР го назначил Витаутас Ландсбергис за претседател и воедно го ставил во сила Актот за повторно обновување на државата Литванија со што Литванија станала првата советска република која се одвоила од СССР. Москва веднаш реагирала со економска блокада, а ја оставила и војската за да го чува руското малцинство.
Литванија претходно била независна држава до 1939 година кога насила била вкорпорирана во СССР.