12 септември 1944, првите американски трупи стапнале на германско тло
Рано утрината на 12 септември 1944 година Првата американска единица предводена од генералот Кортни Х. Хоџис навлегла 15 километри на германско тло кај градовите Раерен и Роетген, денес на белгиско-германската граница.
„Моментално ги набљудуваме непријателските единици помеѓу Раерен и Роетген“, стои во воениот дневник на германската 5-та тенковка дивизија.
Со тоа започнал почетокот на крајот на нацистичка Германија, иако целосната инвазија се одвивала дури пролетта наредната година.