15 јуни 1873, конечно била откриена Троја
По неколкувековна потрага конечно била откриена вистинската локација на легендарниот хомеров град Троја.
Германскиот бизнисмен и пионир во полето на археологијата, Хајнрих Шлиман, заедно со сопругата Софија, по тригодишна потрага успеале да го лоцираат древниот град. Градот од хомеровиот еп „Илијада“ бил пронајден кај местото Хисарлик во Анатолија, кај Чанаккале во денешна Турција.
Митот за Троја се популаризирал благодарение на „Илијада“ на Хомер, но тоа што остатоци од древниот град немало фрлало сомнеж на тоа дали раскажаното од Хомер била вистинска случка или само интересна приказна.