15 октомври 1928, најдолгиот лет со цепелин
Германскиот „Graf Zeppelin“ го направил најдолгиот непрекинат лет со такво летало, кој не е срушен до ден денес, летајќи 9.926 километри од Германија до САД.
Цепелинот под команда на Хуго Екенер тргнал од градот Фридрихсхафен во Јужна Германија и по непрекинато летање од 111 часа пристигнал во Лејкхрст, Њу Џерси. Со него бил и капетанот Ернст Леман кој 8 години подоцна загинал при уривањето на „Hindenburg“.
Екенер го повторил успехот од 1924 кога летал околу 8 илјади километри исто од Германија до САД.