17 август 1945, СССР и САД ја поделиле Кореја
Борејќи се против јапонската окупација, силите на СССР и САД влегле во Кореја правејќи поделба која до ден денес остава длабока трага на Корејскиот Полуостров.
Црвената армија навлегла од северниот дел, додека Американците од југот, успешно бркајќи ги поразените Јапонци чие царство веќе потпишало капитулација во Втората светска војна.
Советите и Американците го поделиле полуостровот согласно 38. северен паралел. Нивните преговори за единствена држава Кореја не успеале, па до ден денес има две држави со ист јазик, ист народ, исто име на државата, но различно политичко уредување. Не се признаваат една со друга, а светот ги разликува како Северна Кореја и Јужна Кореја. Всушност, првата се вика Демократска Народна Република Кореја, додека втората Република Кореја.
Во 1950 година избила војна помеѓу двете држави која завршила во 1953, иако до ден денес официјално двете Кореи се во војна бидејќи договорот кој го потпишале не бил мировен.