18 февруари 2002, по 642 години Франција го укинала франкот
Со отчукувањето на 00:00 часот ноќта на 18 февруари 2002 година заминала во историја една од најстарите активни валути во светот, францускиот франк.
Франција станала третата земја по Холандија и Ирска која се откажала од својата национална валута за да влезе во еврозоната која денес брои 20 членки од Европската Унија плус 7 други.
Франкот прв пат се појавил во 1360 година како златни монети со кои Французите на Англичаните им го платиле ослободувањето на нивниот крал Жан II Добриот кој бил заробен за време на Стогодишната војна. Оттогаш франкот бил национална валута на Франција.