2 јуни 2019, Вардар по вторпат ја покори ракометна Европа
На фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионите на ЕХФ, Вардар со 27:24 го совлада унгарски Веспрем и по вторпат ја освои титулата ракометен првак на Европа.
Претходно во полуфиналето Вардар ја елиминираше Барселона (29:27), додека Унгарците го исфрлија Кјелце (33:30). Во финалето во „Ланксес“ арената во Келн, македонскиот тим уште на полувреме направи добра предност од 5 голови разлика и освен во 3. минута кога Веспрем поведе со 1:2, „Црвено-црните“ водеа во текот на целиот натпревар.
Во тимот на Вардар беа Мораис, Чупиќ, Криштопанс, Карачиќ Дибиров, Скубе, Стоилов, Шишкарев, Калараш, Горбок, Хедбан, Дисингер, Кисељов, Војводиќ, Милосављев и Поповски. Натпреварот го судеа Германците Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг.
Фото: ЕХФ