20 години живот во вселената: Поглед во Меѓународната вселенска станица
Месецов се одбележуваат 20 години непрекинато човеково живеење во вселената – во Меѓународната вселенска станица.
Меѓународна вселенска станица – МВС (англиски: International Space Station, ISS; руски: Международная космическая станция, МКС ) е прва вселенска станица изградена од страна на повеќе држави преку нивна меѓународна соработка. Моментално ја сочинуваат 6 главни модули (по завршувањето на изградбата треба да ги има 16) и овозможува престој на 3 членови на постојаниот екипаж (од 2008 година постојаниот екипаж на станицата треба да го сочинуваат 6 членови). Првите модули на станицата беа лансирани на орбитата и меѓусебно повразни во 1998 година. Првиот постојан екипаж во станицата пристигна во 2000 година. Извор на енергија за МВС се сончевите колектори, а за транспорт на луѓе и материјали до станицата се користат американските вселенски летала преку проектот СТС (Space Transportation System - Вселенски Транспортен Систем) како и руските вселенски летала Сојуз и Прогрес.
Уживајте во минималистичките фотографии на италијанскиот астронаут Паоло Несполи и фотографот Роланд Милер.