2017, година во која латино музиката завладеа со светот

Латино хитовите „Despacito“ и „Mi Gente“ во голема мера ги дефинираа мзуичките текови на популарната музика во 2017 година и го префрлија фокусот на латиноамериканската музичка сцена.

Песната „Despacito“ на порториканскиот пејач Луис Фонси и „Mi Gente“ на Џеј Балвин од Колумбија се најслушани хитови во 2017 година.

Видеоспотот за „Despacito“ стана најгледаниот видеоспот на YouTube на сите времиња со 4,5 милиони прегледи, а „Mi Gente“ со 1,4 милијарди прегледи се најде на третото место на најгледани видеоспотови во 2017 година.

Шест од десетте најгледани музички видеоспотови на YouTube се на музика на шпански јазик.

Доказ дека латино музиката доживеа експанзија годинава е фактот дека ова беше трета песна на шпански јазик што се искачила на првото место на листата на Билборд во САД.

Прва беше „La Bamba“ во 1987, па „Macarena“ во 1996 и сега „Despacito“. Иако во меѓувреме имаше многу влијателни латино музичари како Рики Мартин и Глорија Естефан, никој не го очекуваше успехот што латино музиката го доживеа во 2017 година.

За популарноста на Луис Фонси и Џеј Балвин секако придонесоа и американските ѕвезди кои се „заразија“ со овој свук, па сами им се нудеа да им се придружат на официјалните ремикси.

Така, Џастин Бибер придонесе за популарноста на „Despacito“,  а Бијонсе им се приружи на Балвин и Вили Вилијам во песната „Mi gente“ значително подоцна откако песната стана хит.

Кој уште купува албуми?

Опцијата за стримување музика ја смени целата музичка индустрија. Во САД дури 82% од стримуваната музика е латино, а претплатите се зголемиле за речиси 72%. Ова е прв пат Латинска Америка да има прилив на пари благодарение на сопствената музика, истакнува Ребека Леон, менаџерка на Џеј Балвин и Хуанес.

„Порано имаше многу повеќе пиратерија, немаше шанси да се продаде содржината. Одеднаш, целиот овој регион во кој доминираше пиратеријата стана важен за издавачките куќи. Меделин стана епицентар на латино движењето, а тоа стигна до Мексико Сити каде на музичарите им се остварува латино сонот“, вели таа.

Леон додава дека експанзијата на латино музиката во 2017 година е предвесник дека популарната музика ќе се менува во иднина и дека ќе има повеќе интернационални музички сотработки, па музичките ѕвезди нема да пеат само песни на англиски јазик.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Музика

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Read more

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе