Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Бред Пит глумел во многу познати и наградувани филмови, но призна дека не уживал во некои од нив.

Американскиот актер не секогаш се согласувал со начинот на кој се снимаат одредени проекти, како и со фактот дека речиси секогаш некој филм се снима во ноќните часови.

Магазинот Far Out известува дека Пит не сакал да снима три негови многу популарни филмови. На таа листа се и филмовите Интервју со вампирот, Семето на злото и Троја. Пит ги откри и причините зошто не сакал да ги снима.

Interview With the Vampire (1994)

На Бред Пит најмногу му пречело тоа што хорор филмот Interview With the Vampire од 1994 година се снимал во темница.

„Мразев да го снимам овој филм. Го мразев. Сакав да го гледам, но мразев да го снимам. Го снимавме филмот три месеци во Њу Орлеанс, во тотален мрак, снимавме цела ноќ. Има почетна сцена во филмот која е снимен на дневна светлина, но тоа е тоа целиот филм е во темнина“, коментира актерот, пренесува Far Out Magazine.

Remote video URL
The Devil’s Own (1997)

Оскаровецот нема добро искуство со снимањето на филмот The Devil's Own, во кој глумеше со Харисон Форд. Тој еднаш го опиша снимањето на филмот како „најнеодговорното што некогаш го видел“.

Како причина зошто не му се допаднало да го снима овој филм, ја наведе проблематичната продукција и немањето сценарио кое тие би можеле да го следат.

„Имавме сценарио, но беше отфрлено поради различни причини. Моравме да измислиме нешто во лет. Не можев да верувам. Не знам зошто некој сакаше да продолжи со снимањето на тој филм. Немавме ништо. Филмот беше целосна жртва на шефовите на студиото“, рече Пит, пренесува Far Out Magazine.

Додаваат дека актерот сакал да го напушти проектот, но му се заканиле со тужба, па го доснимил филмот.

Remote video URL
Troy (2004)

Епскиот историски филм Troy на режисерот Волфганг Петерсен е исто така на листата на филмови кои Бред Пит не сакал да ги сними. Како што пренесува Far Out, актерот не бил задоволен од приказната што се обидувале да ја раскажат во филмот.

„Морав да го направам Troy затоа што се повлеков од друг филм и морав да направам нешто за студиото. Сфатив дека начинот на кој беше раскажан филмот не е како што сакав да биде. Troy стана комерцијална работа, немаше никаква мистерија во филмот. По Troy, донесов одлука да го вложам своето време само во подобри приказни“, изјави Пит, пренесува Far Out Magazine.

Remote video URL
Тагови
реклама

Откриен нов вид „екстремно агресивна“ змија

Read more

3 симптоми на висок холестерол кои можат да се забележат на телото без тестирање

Read more

Голем неделен хороскоп од 17 до 23 јуни

Read more

Рецепт на денот: Пилешко „а ла Тоскана“

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Read more

Бредли Купер исмеван поради новиот имиџ

Read more

Расел Кроу вели дека му е малку непријатно поради снимањето на новиот Gladiator

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Читај повеќе

Бредли Купер исмеван поради новиот имиџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу вели дека му е малку непријатно поради снимањето на новиот Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за Romulus, седмиот филм од Alien

Читај повеќе
  • filter

Анистон снимена во јавност по посетата на пластичен хирург: Промените се очигледни

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

На 7 и 8 јуни по петти пат фестивалот Metal Discharge во Битола

Читај повеќе
  • play_arrow

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Читај повеќе