Имињата Миа, Ема, Лиам и Ноа со години се на врвот по популарност.

Сепак, Мухамед или Мохамед е едно од најчестите имиња во светот. Ова е последица на бројното муслиманско население во светот и традицијата меѓу припадниците на таа религија своите синови да ги именуваат по исламскиот пророк Мухамед.
Во западните земји, меѓу најчестите имиња се Мери (Марија), Џон (Иван), Џејмс (Јаков) и Мајкл (Михаил).
Во Кина, најчестото име е Веи, кое може да има различни значења во зависност од тоа кои знаци се користат за да се напише. Некои од неговите најпопуларни значења се „голем“ и „моќен“.