2023 година на пат да стане најтоплата досега

Макфакс
/ 05.10.2023 / 12:01

Тековната година е на пат да стане најжешката во историјата, објави Коперник, службата за климатски промени на Европската Унија, пренесуваат агенциите.

Најтоплиот септември забележан на глобално ниво следеше лето со рекордни температури оваа година, пренесе агенцијата DPA.

Температурите во септември годинава беа за половина степен повисоки од претходниот најтопол септември во историјата и речиси цел степен повисоки од просечниот септември помеѓу 1991 и 2020 година.

„Невидените температури за овој период од годината забележани во септември – по рекордно лето – урнаа нови рекорди“, рече Саманта Бурџис, заменик директор на Службата за климатски промени Коперник. „Температурите во текот на 2023 година сега се на пат да бидат 1,4 степени Целзиусови над просечните температури од прединдустрискиот период“, додаде таа.

Ова е само 0,1 степен под целта поставена со Парискиот климатски договор, кој има императив да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени до крајот на векот.

Сепак, септември веќе беше 1,75 степени потопол отколку во прединдустрискиот период од 1850 до 1900 година.

Мразот на Антарктикот, исто така, достигна најниско ниво во септември, покривајќи 9% помалку копно од просекот помеѓу 1991 и 2020 година. На Арктикот, морскиот мраз беше на петтото најниско ниво во септември.

Што се однесува до врнежите, во септември сликата беше измешана.

Големи делови од Западна Европа добија повеќе дождови од вообичаено, а имаше и поплави во Грција и Либија како последица на бурата Даниел, циклонот сличен на тропските предели што го погоди Средоземното Море.

Но, другите делови на Европа, САД, Мексико, Централна Азија и Австралија го забележаа најсувиот септември од почетокот на евиденцијата.

Службата за климатски промени на ЕУ, Коперник, редовно објавува податоци за температурата на површината на Земјата, ледената покривка и податоците за врнежите.

Наодите се засноваат на компјутерски генерирани анализи кои вклучуваат милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици ширум светот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе