25 август 1875, прв пат бил препливан Ламанш
Англичанецот Метју Веб на денешен ден станал првиот човек кој го препливал каналот кој ја дели Европа од Британија.
Веб прво имал неуспешен обид на 12 август истата година кога поради силен ветер и лоши услови морал да се откаже. На 24 август пробал повторно, пливајќи од Довер кон Кале и по речиси 22-часовно пливање допливал во француското копно другиот ден, на 25-ти.
Го прателе три чамци, го нападнале медузи, а силни струи пред европскиот брег му го одложиле пристигнувањето за цели 5 часа. Бидејќи рутата била цик-цак, испливал околу 66 километри.
Загинал во 1883 година обидувајќи се да ги преплива вртежите на Нијагарините Водопади.