26 септември 1829, основан бил Scotland Yard
Популарната лондонска полиција всушност се вика Metropolitan Police Service, додека прекарот Scotland Yard го носи поради улицата „Great Scotland Yard“ во Вестминстер, на која се наоѓало првичното седиште.
Ја основал Роберт Пил, а на денешен ден во 1829 година од страна на британскиот Парламент ѝ била дадена дозвола за работа.
Од ноември 2016 седиштето е преселено на „Victoria Embankment“ шеталиштето покрај реката Темза, па поради тоа денес е позната како New Scotland Yard.
Светска слава доживеала благодарение на детективот Шерлок Холмс, јунакот од книгите на сер Артур Конан Дојл.