3 декември 1989, Буш и Горбачов објавиле крај на Студената војна
На самитот во Малта американскиот претседател Џорџ Буш и советскиот генерален секретар Михаил Горбачов „ги закопале секирите“ и објавиле официјален крај на Студената војна.
Дводневиот самит во малата медитеранска земја се одржал неколку недели по паѓањето на Берлинскиот ѕид, кој го наjавил и падот на комунизмот во Европа.
„Светот излегува од една ера и влегува во друга. На почеток сме од долг пат кон долготраен мир. Заканите за сила, недоверба, психолошка и идеолошка борба мора да останат во минатото. Го уверувам претседалот на САД дека никогаш нема да почнам жешка војна против Америка“, рекол Горбачов.
На тоа Буш постариот реплицирал: „Можеме да создадеме долготраен мир и да ги претвориме односите Исток-Запад во една трајна соработка. Таа е иднината која Горбачов и јас ја почнуваме тука во Малта“.