30 април 1803, Наполеон ја продал Луизијана на САД
Американците се отцепиле од Велика Британија во 1783 година, а една од главните грижи покрај тоа што на своите западни граници имале европска велесила било и тоа што немале пристап преку пловната река Мисисипи до Мексиканскиот Залив, важна трговска рута.
Тогашниот претседател Томас Џеферсон се вознемирил од плановите на Наполеон да основа нови колонии во Северна Америка чиј центар би бил Њу Орлеанс и решил да понуди да го купи градот и областа околу него.
Преговорите на крајот завршиле со тоа што САД ја купиле целата територија на Луизијана која тогаш била многу поголема од она што е денес сојузната држава со 2.100.000 км2 и тоа за 60 милиони франци.
Луизијана била административна област во Нова Франција именувана во чест на кралот Луј XIV. Главниот град Њу Орлеанс е именуван по францускиот град Орлеан.