30 јануари 1948, во атентат бил убиен Махатма Ганди
Во Њу Делхи бил извршен атентат врз 78-годишниот Мохандас Карамчанд Ганди, водач на индиското ослободително движење.
Ганди, наречен Махатма (големата душа) ги пропагирал ненасилните методи за национално ослободување и поради тоа станал симбол на борбата на народите на Индија за независност. Бил убиен од страна на хинду националистот Натурам Годсе кој верувал дека Ганди ќе ги исполни сите барања на муслиманите во Индија. Го убил со три куршуми во градите. Атентаторот бил обесен на 15 ноември наредната година.