Skip to main content
Насловна

Featured Main Menu

  • Вести
  • Спорт
  • Магазин
  • Гик
  • Форум
search

Main navigation

  • Вести
    • Македонија
    • Свет
    • Регион
    • Бизнис
    • Култура
    • Хроника
  • Фото
    • Вести
    • Бејбс
    • Спорт
    • Автомобили
    • Маркетинг
    • Уметност
    • Останато
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Ф1
    • Тенис
    • Останати спортови
  • Сцена
    • Филм & ТВ
    • Рецензии
    • МК сцена
    • Музика
  • Автомобили
    • Авто новости
    • Возевме
    • Концепти
    • Мотори
  • Магазин
    • Пробавме
    • Љубов и секс
    • Здравје
    • Живот
    • Фит
    • Стил
    • Архитектура
    • Книги
    • Чек дис аут
    • #мкфејл
    • Рецепти
  • Видео
    • Забава
    • Спорт
    • Музика
    • Авто-мото
    • Наука и технологија
    • Реклами
    • Останато
  • Гик
    • Вести
    • Интервјуа
    • Гејминг
    • Интернет
    • Мобилни
    • Наука
    • Рецензии
    • Софтвер
    • Фото
    • Хардвер
  • Интервју
  • Теми и коментари
  • Форум
  • Промо
Изградба на темелите
Светлечко шоу од кулата за време на саемот
Карикатура на Ајфел кој ја споредува кулата со пирамидите
1889 година
Разгледница од Саемот 1889
1900 година
Американски војници во Париз, август 1944
Туристи
Поглед од кулата врз Марсовските полиња
Собата-музеј на Густав Ајфел во кулата
Ајфеловата кула за време дочекот на Новата 2013 година
реклама

31 март 1889, отворена била Ајфеловата кула

По двегодишна изградба, на денешен ден, 31 март, во 1889 година свечено била пуштена во употреба Ајфеловата кула, симбол на Париз и Франција.

По повод 100-годишнината од Француската револуција, француската Влада планирала меѓународен саем и за таа прилика објавила награден конкурс за споменик кој би се поставил на Марсовските полиња во центарот на Париз. Од стотина пријавени, Столетничкиот комитет го одбрал оној на Густав Ајфел за железна кула висока 300 метри која би била највисоката човекова градба во светот. Ајфел тогаш веќе бил докажан градител чија Статуа на слободата неодамна била поставена во Њујорк.

Конструкцијата почнала на 18 јануари 1887 година, а завршила на 15 март 1889. На 31 истиот месец во свечена церемонија Ајфел ја претставил кулата во присуство на францускиот премиер Пјер Тирар, 200 работници кои учествувале во изградбата и еден куп домашни и странски гости.

Денес, Ајфеловата кула е висока 330 метри и е најпосетувана туристичка локација во светот со речиси 7 милиони луѓе на годишно ниво кои плаќаат билет за да се качат.

Вести

14 мај 1948, создадена била државата Израел

Read more

13 мај 1982, неуспешен атентат над папата Јован Павле II

Read more

12 мај 1926, првиот лет преку Северниот Пол

Read more

10 мај 1960, подморница прв пат ја обиколила Земјата

Read more