4 август 1952, првиот прекуатлантски лет со хеликоптер
Хеликоптери на Американската воздухопловна спасувачка единица слетале во Западна Германија со што успешно го завршиле првиот прекуатлантски прелет со хеликоптер.
Летот траел вкупно 51 час и 55 минути, а летале два хеликоптера од типот Sikorsky H-19A. Полетале од воздухопловната база во Вестовер во Масачусец, САД, а на европско тло прво слетале во Прествик, Шкотска, на 31 јули. Потоа се упатиле кон крајната дестинација, тогашна Западна Германија каде стигнале на денешен ден.