4 февруари 1789, Џорџ Вашингтон бил избран за прв претседател на САД
Откако победил на првите претседателски избори по независноста на Соединетите Американски Држави, Џорџ Вашингтон на денешен ден бил официјално избран за претседател.
Поранешниот воен генерал и еден од основачите на САД победил освојувајќи 69 електорски гласови на изборите на кои учествувале дури 8 кандидати. Потоа на 4 февруари Првиот американски електорски колеџ официјално го назначил Вашингтон за претседател на САД кој тогаш броел 13 држави: Конектикат, Делавер, Џорџија, Мериленд, Масачусетс, Њу Хемпшир, Њу Џерси, Пенсилванија, Јужна Каролина и Вирџинија, додека Њујорк, Северна Каролина и Род Ајленд не учествувале на изборите.
Претседателствувањето на Вашингтон официјално започнало на 30 април, а потоа победил и на вторите избори и се задржал на власт сѐ до 4 март 1797 година.
Главниот град на САД, Вашингтон, е именуван во негова чест, исто како и сојузната држава Вашингтон која се наоѓа во крајниот северозапад на земјата.