4 ноември 1944, ослободувањето на Битола
На денешен ден во 1944 година борците од 49-тата дивизија на НОВ и ПО победоносно марширале низ Битола откако го ослободиле градот од преостанатата германска војска.
По капитулацијата на Бугарија, во Битола и околината останале само Германците кои не можеле да издржат под налетот на македонските борци во чии редови влегувале Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред и Леринско-костурската бригада. Преку селата Крклино и Могила од една и Кравари, Бистрица и Породон од друга, македонските борци им нанеле тешки загуби на Германците кои се разбегале кон Грција и Албанија по што утрото на 4 ноември биле поздравени низ улиците на ослободениот град.
Околу 270 борци ги положиле животите за слободата на Битола.
Фото: Сојуз на Борците од НОАВМ и Македонија е сѐ