5 февруари 1974, сондата Mariner 10 ги испратила првите слики од Венера
Американската вселенска сонда Mariner 10 на денешен ден прелетала покрај планетата Венера и ги испратила првите снимки од неа.
Оваа роботска вселенска сонда на НАСА била лансирана на 3 ноември 1973 година со мисија да биде прва која ќе помине повеќе од една планета, односно Венера и Меркур. Ја надлетала Венера на височина од 5.768 километри и за прв пат ја снимила оваа планета испраќајќи слики до Земјата.
Откако трипати го минала Меркур мисијата ѝ завршила некаде околу Сонцето кога на 24 март 1975 последен пат остварила контакт со Земјата. Се претпоставува дека сѐ уште орбитира околу нашата ѕвезда.