„50 испеани приказни“ од Александар Русјаков ја доби наградата „Антево перо“ за 2023 година

Жири-комисијата за доделување на наградата „Антево перо“, во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), едногласно донесе одлука наградата „Антево Перо“ за 2023 година да ѝ припадне на стихозбирката „50 испеани приказни“ од Александар Русјаков.

Комисијата го изрази своето задоволство од одличниот одзив за оваа награда - 73 стихозбирки, со најразличен поетски израз, квалитети и трендовска и жанровска разноликост - од кои во потесен избор за наградата влегоа шест стихозбирки: Александар Русјаков – „50 испеани приказни“, Љубинка Донева – „Монолог на пирејот“, Милена Сиљаноска – „Болопадание“, Кирил Ангелов – „сновиденија“, Александра Спасеска – „Координати на болката“ и Томе Липовски – „А што да речам“.

„Поетската збирка ‘50 испеани приказни’ на мултиталентираниот Александар Русјаков нуди една малку поинаква поетика што нѐ пречекува уште на самиот почеток кога ја восприемаме преку формата. Во оваа поезија во проза, која понекогаш се движи по рабовите на овој вид, се менуваат во свеста на читателот филмски кадри од надреалистички поетски слики од секојдневието и животот на еден длабок доживувач на реалноста. Тие кадри ја менуваат техниката наизменично и прикажаното преминува во анимиран филм во црно-бела техника каде секој кадар е нацртан рачно и во секоја линија се гледа пораката што поетот сака да ни ја пренесе. Во оваа поезија има многу за љубовта, но таа љубов е лишена од тривијална патетика. Интертекстуалноста е суптилно нагласена преку експресионистичките постапки на Кафка, но и апсурдноста на Ками, суровоста на Буковски и брилијантната реалистичност на Достоевски. Ерудитивноста на Русјаков и неговите широки познавања на уметноста во сите нејзини форми и карактеристики создава една синкретична поезија. И оксиморонот и парадоксот му овозможуваат на поетот директен и недвосмислен начин на соопштување на својата, на личната преспектива на времето, просторот и луѓето во тој простор и време со што се осмислува и оправдува неговото постоење во центарот на сето тоа. Со оваа поезија, Русјаков соопштува универзални, но важни поетски пораки доближувајќи се до ѕвездените корени на Анте Поповски во кои секоја песна се раѓа и вечно живее“, стои во објаснувањето на Комисијата за изборот на победничкиот ракопис.

Во согласност со пропозициите на Манифестацијата, Комисијата, исто така, реши да додели и две награди „Антев златник“. Комисијата едногласно одлучи наградите „Антев златник“ за 2023 година да ги додели на Милена Сиљаноска за стихозбирката „Болопадание“ и Александра Спасеска за стихозбирката „Координати на болката“.

„Поезијата на Милена Сиљаноска со новоискован наслов ‘Болопадание’, претставува освежување во македонската книжевност. Песните од оваа збирка, со својата баладичност и лиричност, промовираат поетски тон на една топла меланхолија која напати ја има таговната нишка на португалското фадо, а напати лесната ритмичност на бразилската боса нова. На тој начин, оваа поезија упатува на еден цел интертекстуален свет, кој надополнет со сложените фигури и јасниот јазичен израз, става пред нас поестки ракопис кој го интригира читателот и со право го заслужува неговото внимание“, истакна Комисијата.

„Во збирката поезија насловена како ‘Координати на болката’, Александра Спасеска ни претставува кратки и јасни стихови во модерен манир кои имаат традиционален призвук и оддаваат почит на македонските поети и нивната поезија. Преку микроскопијата на навидум неважните детали на секојдневието, оваа поетеса ни го свртува вниманието кон цели универзуми со што тие детали добиваат нови значења и во нашето секојдневие. Преку умерената фигуративност, графичките интервенции кои се во функција на смислата на песните и новосмислените зборови, Спасеска прави универзална поетска мапа на човечката болка, која вака испеана е полесна и поподнослива“, образложува Комисијата.

Конечно, Жирито дискутираше и за трите стихозбирки кои влегоа во потесен избор за наградата „Антев часовник“, што се доделува со цел откривање и афирмација на нови, млади, талентирани поети кои творат на македонски јазик: Емануела Ковачевска Китановска – „Второ детство“, Светла Јакшиќ – „Ноќен суфлер“ и Александра Атанасова – „Душебол“. По темелно разгледување на сите збирки, Комисијата донесе одлука наградата „Антев часовник“ да ѝ припадне на стихозбирката „Ноќен суфлер“ на поетесата Светла Јакшиќ, за која ќе истакне:

„Појавата на збирката поезија ‘Ноќен суфлер’ на Светла Јакшиќ е една нова светлина меѓу младите македонски поети, која со својата младешка свежина на поетскиот израз никого не остава рамнодушен. Песните од оваа збирка понекогаш личат на врамени уметнички фотографии во различни техники и бои, а понекогаш се уметнички слики на кои може да се види и самиот процес на создавање. Во оваа музејска поставка на секојдневието, поезијата е насликана со густо напластена, сложена фигуративност и ферментиран стил кој треба да продолжи да расте и да се развива.“

Заблагодарувајќи им се на сите учесници на Конкурсот за наградата „Антево перо“, Комисијата изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи интересот за оваа престижна награда.

Во наредниот период ќе следи уште едно Соопштение со кое јавноста ќе биде информирана за датумот, местото и терминот на официјалното прогласување на победникот на Конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2023 година и врачувањето на сите награди.

Наградата „Антево перо“ се состои од непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Наградата „Антево перо“ е востановена во 2018 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) и на конкурсот може да се пријават автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик. Досегашни добитници се:  Славе Ѓорѓо Димоски за „Кумова слама“ (2018), Александра Димитрова за „Дупка“ (2019), Ана Стојаноска за „Потпис: Трепетлика“, Братислав Ташковски за „Небесни разговори“ (2021) и Јулијана Младеновска Тешија за „Куќа“ (2022).

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе