6 септември 1992, Ленинград станал Санкт Петербург
Падот на комунизмот во Русија означил и крај на ерата на градот познат како Ленинград, кој всушност си го вратил оригиналното име - Санкт Петербург.
Изграден од царот Петар Велики во 1703 година како царска резиденција, денес важи за еден од најубавите градови во Европа и е културолошки центар на Русија.
На 26 јануари 1923 година, кратко по смртта на Владимир Ленин, во негова чест градот бил преименуван во Ленинград, а 68 години подоцна Русите му го вратиле оригиналното име.
Со 5 милиони жители е втор најголем град во Русија, додека бројните канали му го даваат прекарот „руска Венеција“.