7 интересни факти за Дејвид Боуви

Дејвид Боуви важеше за еден од највлијателните и најиновативни музичари, а по неговата смрт медиумите постојано објавуваат интересни информации за него. Британскиот весник Independent направи листа со интересни и непознати факти за легендарниот пејач.

1. Пајак го носи неговото име

Heteropoda davidbowie е пајак од Малезија со светло портокалова боја, кој го носи името на познатиот пејач.

2. Очите на Боуви се со иста боја

Спротивно на општо прифатеното верување, очите на Дејвид Боуви се со иста сина боја. Тие изгледаат различно поради перманентно проширената зеница, која ја добил по една школска тепачка за девојка.

3. Слетувањето на Месечината го направи познат

Кога Боуви почнувал да ја гради кариерата и не бил светски познат, телевизијата BBC ја искористила неговата Space Oddity врз снимката од слетувањето на Месечината во 1969 година. Тоа подоцна стана неговиот прв сингл на врвот на британската музичка топ листа.

4. Роден е на истиот ден како Елвис

Боуви е роден на 8-јануари 1947 година, односно точно 12 години по рокенрол легендата Елвис Присли.

5. Одбил да биде прогласен за витез

Боуви првично добил покана да стане CBE - Commander of the Order of the British Empire во 2000 година, но ја одбил бидејќи не знаел за што ја добива. Потоа во 2003 година го поканиле да стане витез, но тој ја одбил и таа чест.

6. Го објавил првиот сингл за симнување од интернет

Песната Telling Lies е поставена за преземање од интернет на неговата страна во 1996 година, што е прв сингл од музичка ѕвезда поставен за симнување. Со тогашните брзини на дајл-ап конекцијата, симнувањето траело 11 минути.

7. Го следел зајак висок 160 сантиметри

За време на неговата Северно-американска турнеја во 2004 година, Боуви бил следен од човек во костум на розев зајак. Боуви не се потресол многу и изјавил дека е дел од рокенрол животот и дека тоа е само зајак висок 160 сантиметри. Работите станале непријатни, кога Боуви се качил на авион за да замине од Њујорк, а на летот бил и човекот со зајачкиот костум.

реклама

Музика

Роби Вилијамс по 10 години повторно во депресија: Мислев дека се опоравив

Read more

Одбраната на Диди: Забавите беа со согласност на сите учесници

Read more

Френк Ферер по 19 години ги напушта Guns N' Roses

Read more

Северина со црвена ракавица ги поддржа студентските протести во Белград: Пумпај!

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Американците го протерале Чарли Чаплин од САД?

Читај повеќе

Откриена причината за ненадејната смрт на Мишел Трахтенберг

Читај повеќе