7 јуни 1993, загинала НБА ѕвездата Дражен Петровиќ
На денешен ден на автопатот Нирнберг-Минхен во сообраќајна несреќа загинал Дражен Петровиќ, еден од најдобрите кошаркари во историјата.
Кариерата ја почнал во Шибенка, а преку Цибона дошол до Реал Мадрид, со кој ги остварил најголемите успеси. Во 1989 ја почнал својата НБА кариера во тимот на Портланд Трејл Блејзерс, а потоа играл и за Њу Џерси Нетс, кој денес го носи името Бруклин Нетс, и кој во негова чест го има повлечено дресот со бројот 3.
Со репрезентацијата на Југославија освоил бронзен и сребрен медал на Летните олимписки игри во 1984 и 1988 година, а со репрезентацијата на Хрватска сребрен медал во 1992. Можел да настапува и за Србија бидејќи бил од мешан брак, но се одлучил за земјата во која бил роден.
Неговиот придонес во НБА лигата е огромен и имал големо влијание во понатамошните трансфери на европските кошаркари во таа лига.
Загинал на 28-годишна возраст.