7 октомври 2001, САД ја почнале инвазијата врз Авганистан
Неполн месец по терористичките напади од 11 септември, а откако талибанците не го испочитувале ултиматумот да го предадат Осама бин Ладен, војската на САД заедно со онаа на Обединетото Кралство извршила инвазија врз Авганистан.
Операцијата наречена Operation Enduring Freedom траела до 17 декември 2001 кога талибанците биле симнати од власт, но коалицијата подоцна надополнета со НАТО и други земји не успеала да воспостави целосна контрола по што во 2020 година и целосно се повлекла, а талибанците повторно ја презеле власта.
Бин Ладен бил ликвидиран дури во 2011 година.