8 октомври 1956, перфектната игра на Дон Ларсен
Единствената перфектна игра направена во натпревар од Светската серија во бејсбол се случила на денешен ден на натпреварот помеѓу Њујорк Јенкис и Бруклин Доџерс.
Петтата партија била во тек кога фрлачот Дон Ларсен ги елиминирал сите 27 удирачи од противничкиот тим со вкупно 97 фрлања за 7 ининзи. Во историјата успешно се направени уште 22 други перфектни игри, но никогаш во натпревар од Светската серија.
Ларсен беше последниот жив од тој натпревар од двете екипи, а почина на 1 јануари 2020 година на 90-годишна возраст.