91-годишна жена стана интернет сензација поради нејзините патувања низ светот
Ова е доказ дека самите си наметнуваме ограничувања – никогаш не е доцна за да го направите она што го сакате.
Елена Еркова или баба Лена од Краснојарск беше позната по тоа што на 90-годишна возраст патуваше сама низ светот и ги споделуваше фотографиите на социјалните мрежи.
Одлучила да патува кога имала 83 години. Ги посетила Виетнам, Израел, Чешката, Германија и Турција и многу други земји.
Баба Елена почина на 91-годишна возраст во 2019 година, но фотографиите од нејзините патувања и ден-денес се вистинска интернет сензација. Таа е доказ дека треба да го живеете животот со полни гради, до последниот ден, и да ги исполните сите желби!