96 новозаболени со COVID-19 во изминатите три дена

Деведесет и шест случаи со COVID-19 се регистрирани во изминатите три дена (24-26 септември), од кои 19 се реинфекции, соопшти денеска Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, новозаразените се потврдени од  962 направени тестови. Од вкупниот број, 66 се во Скопје, пет во Куманово, четири во Велес, по три нови случаи има во Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево, по два во Битола и Штип и по еден новозаразен имаат Гевгелија и Неготино.

Во текот на изминатите три дена починал 87-годишен пациент од Скопје, во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се три починати лица – две од Скопје (91г и 89г) и едно од Кавадарци (71г), со датум на смрт во периодот од 29 август до 15 септември 2022. Двајца починале во домашни услови, а еден во болница.

Во трите изминати дена се регистрирани 288 оздравени пациенти и тоа од Скопје 131, Куманово и Прилеп по 21, Битола 19, Охрид и Штип по 12, Ресен и Делчево по 10, Струмица осум, Велес и Кавадарци по шест, Гевгелија, Радовиш и Крушево по пет оздравени, Демир Хисар четири, Тетово три, Кичево, Гостивар и Крива Паланка по двајца оздравени и по еден во Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 615 од направени 2 166 641 тестирање. Оздравени пациенти се 332 710, починати 9531, а активни случаи има 374.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе