Ахмети: Курти се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија

Премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во внатрешните работи на Албанците во Северна Македонија, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во емисија на албанската Top Channel.

„Тој се меша во политичката сцена на Албанците. Еди Рама не се мешаше во внатрешните работи на политичкото тело во Македонија, се обиде да ги зближи партиите во Македонија, благодарен сум за ваквиот пристап. Јавната поддршката на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција (Алијансата за Албанците и Алтернативата) во 2019 беше мешење во политичката сцена во Северна Македонија. Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивност, се договоривме со Социјалдемократскиот сојуз и му дадовме поддршка на Стево Пендаровски за шеф на државата. Може да прават театар, еден вид игра, но знаеме дека на крајот нема победник“, рече Ахмети.

Тој во интервјуто вели дека не знае дали Самоопределување е регистрирана партија, но е запознат дека „интерес пројавиле многумина од меѓународната заедница“.

„Ова е демократија, ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност на Косово? Како објаснувате? Ме оставија без зборови“, вели Ахмети.

Во однос на европската интеграција, тој оценува дека ако се изгласат уставните измени, Северна Македонија во рок од четири години ќе стане членка на Европската Унија.

Со одржувањето на првите меѓувладини конференции на Албанија и Северна Македонија со Брисел почнуваат промените внатре во овие земји во однос на инфраструктурата, животната средина, владеењето на правото и слично, оценува лидерот на ДУИ.

Иако со години е на чело на ДУИ, Ахмети изјави дека „неговата фигура не е зацементирана на чело на оваа политичка партија“.

„Не сум доживотно на чело на ДУИ. Но, јас не дојдов со сила во ДУИ, дојдов со даден слободен глас и со директен глас на граѓаните го добив и пратеничкиот мандат“, вели Ахмети.

На констатацијата на новинарот дека Курти е шармантен лик на албанскиот простор и на прашањето дали се грижи за изборниот резултат, Ахмети вели:

„Јас сум милитант на ова поле на дејствување, околностите се сменија, бев за обединување, што е најреален пристап, во политиката треба да се биде реален. Косово стана независно, сега треба да биде прифатено во националните организации бидејќи Албанија и Македонија влегоа во НАТО. Не барам ништо повеќе од стандардите што Европа ги постави – да се тргнат границите како во европските земји“, рече Ахмети.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Македонија

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Read more

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Read more

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Read more

Г.г. Стефан: Страдањето во Кочани нè соочи со суровата стварност на смртта, само надежта во воскресението ни даде утеха

Read more
 

Вести

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Читај повеќе

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Читај повеќе

Почина папата Франциск

Читај повеќе

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Читај повеќе

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Читај повеќе

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Читај повеќе