ЕВН апелира да за непречен пристап на читачите

Ако не дозволите читање на броилото, нема да имате евтина струја од 1 декември

Евтината тарифа на струјата во период од 13 до 15 часот, која се враќа од први декември, ќе им биде достапна на домаќинствата кои имаат „смарт" броила и кај оние кои ќе овозможат непречен пристап на читачите на броилата од ЕВН кои заедно со читањето ќе вршат и сетирање за новата тарифа.

Сашо Салтировски, директор на ЕВН Електродистрибуција денес по посетата на лабораторијата за тестирање на броилата во Бутел, апелираше корисниците да обезбедат пристап до струјомерите доколку сакаат да ја користат евтината струја.

„При крај сме со подготовките, како што ветивме, до 1 декември се ќе биде подготвено. Дел од броилата се 'смарт', таквите ќе ги прилагодиме што би се рекло преку ноќ и веќе од 1 декември 200.000 корисници ќе имаат сетирани тарифи, а останатите би биле во текот на месецот. Многу ќе зависи од потрошувачите. Ги замолувам сите граѓани броилата да бидат достапни, да можат нашите читачи да ги прочитаат бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата. Сите оние кои ќе бидат достапни во текот на месец декември ќе бидат сетирани. Тоа најмногу ќе зависи од достапноста на броилата“, рече директорот Салтировски.

Броилата се читаат еднаш месечно и оние кои ќе бидат достапни веднаш ќе бидат прилагодени за евтината струја и преку ден.

„Тоа оди оптички, се оди со еден уред од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира“, појасни директорот Салтировски.

Евтината струја преку ден беше укината од 1 јануари 2022 година, кога беа воведени блок-тарифите.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе