Активни 955 ковид-случаи, 560 од нив се во Тетово и Скопје

Со секојдневниот пораст на нови позитивни на COVID-19, од вчера се активни 955 случаи во земјава. Пред еден месец беа 130 активни во целата држава (Скопје со 54 и Тетово со 14), а од 955-те во вчерашната статистика, 285 се само во Тетово и 275 во главниот град. Од шест регистрирани на 5 јули, статистиката за 5 август бележи 219 нови случаи.

Тетово и Скопје вчера имаа ист број новозаразени, по 65, а двоцифрени нови случаи имаа и Куманово (20) и Гостивар (19). Триесет пациенти се оздравени, а починале четворица – од 61 до 76 години. По Скопје и Тетово, висок број активни случаи имаат и Куманово (90), Гостивар (84), Битола (38), Дебар (29), Струмица (27), Кичево (23). Десет градови немаат активни на COVID-19.

Епидимиолошката служба на тетовскиот Центар за јавно здравје оцени дека за само еден месец од регион со спорадични случаи, Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на COVID-19 и се очекува бројот на новозаболени да расте уште повеќе.

-На 6 јули имаше шест случаи на домашно лекување, а сега има околу 220 во градот Тетово. Имаме по 30, 40 и вчера дури 60 позитивни случаи. Генерално, новите случаи не се вакцинирани. Од овие 220, само десетина имаат примено вакцина, изјави д-р Сузана Субашиќ, раководител на епидемиолошката служба.

Зголемениот број се должи на непочитување на мерките и протоколите, а инфицираните се од семејни прослави и потоа од ширење на контактите. Многу од заразените се дојдени од западните земји, појасни епидемиологот Субашиќ, кои по престојот во државава се тестираат за да може да заминат во земјите каде што работат.  Голем дел од нив се млади лица и често се инфицирани, но без симптоми.

Во Тетово има и најмногу хоспитализирани болни од COVID-19. Од вкупно 105 во целата држава, во тетовската клиничка болница лежат 32 пациенти – шест повеќе од претходниот ден.

На Инфективната клника во Скопје има 20, исто толку во гостиварската болница и десет во Општата болница во Куманово. Во болницата во Струмица има седум пациенти, шест во Прилеп, по четворица се хоспитализирани  во Битола и Штип и по еден во болниците во Велес и Струга.

Надлежните апелираат за помасовен одѕив за вакцинирање како единствен начин да се надмине епидемијата во која од почетокот т.е. од минатиот февруари до сега бројот на ковид-дијагностицирани достигна 156 926, а починаа 5501 луѓе.

Министерството за здравство соопшти дека  заклучно со средата вакцина примиле 519.106 граѓани, а со две дози се имунизирани 409.186. Барем една доза вакцина досега примиле 65 отсто од населението над 70 години, 62 отсто од лицата над 65 години, 57 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 47 проценти од граѓаните над 50-годишна возраст.

Непречено се одвива теренската вакцинација во помалите населени места и руралните средини. За вакцина не е потребно закажување термин, освен за деца од 12 до 17 години за кои пријавувањето е на веб-страницата vakcinacija.mk.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе