Ангелов: Мостот кај Ист гејт ќе биде затворен, постои опасност по пожарот

Мостот „Беласица“ кај железничката станица во Скопје ќе биде затворен целосно за пешаци и за моторни возила сè додека не се санираат штетите од пожарот, кој го зафати долниот дел од мостот, кој ги поврзува Веро Џамбо и трговскиот центар Ист гејт мол.  Ова го изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и посочи дека постои опасност од одронување бетонски парчиња, со кои е премачкан мостот.

„Пожарникарите излегле веднаш, но не смееле да гаснат затоа што немале информации какви инсталации минуваат под мостот. Заклучокот беше дека има само една електрична инсталација со која се напојуваат светилките на мостот, а во средината на мостот минува цевка со дијаметар од еден метар низ која минува топла вода за парното во Скопје. Благодарение на нивната акција околу 2 часот пожарот беше ставен под контрола, а околу 4 часот беше целосно изгаснат“, вели Ангелов.

Мостот кај Ист гејт ќе биде затворен, постои опасност по пожарот, посочи Ангелов.

Тој верува дека мостот ќе биде отворен по неговата санација доколку таа е можна.

„Штетата ќе биде дополнително утврдена, а тие информации ќе ги има Град Скопје. Забрането е движење на пешаците под самиот мост затоа што постои можност од паѓање бетонски парчиња. Една од можностите за причините е спој на електричните кабли, а втората можност е човечки фактор, но за тоа треба да се произнесе МВР“, изјави Ангелов.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе