Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

По повод синоќешната 79-годишнина од убиството на народната хероина Ибе Паликуќа, претседателот на Левица обвини дека поранешниот градоначалник Петре Шилегов именувал улица во Скопје со името на нејзиниот индиректен убиец.

Димитар Апасиев соопшти дека Левица на Уставен суд ја оспорува оваа одлука на Град Скопје од претходниот мандат.

„Вчера беше денот на убиството на народната хероина ИБЕ ПАЛИКУЌА. Ама изгледа не знаете, дека убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов од советниците на СеДеСеМе! Е баш таа градска одлука, денес, правниот тим на Левица ја спори пред Уставен суд. Нека има трага кој на која страна бил у Историјата“, објави Апасиев. Станува збоир за улицата „Сул Холта“ во Чаир, именувана во чест на истоимениот лидер на балистите и соработник на бугарските фашисти во Втората светска војна.

Ибе Паликуќа била Албанка од Дебар која заедно со многумина Албанци се борела на вистинската страна во Втората светска војна. Била родена во 1927 година, а татко ѝ бил локален оџа. Војната и италијанската окупација ја затекнале во родниот Дебар каде брат ѝ Ештреф бил активен во народноослободителното движење. Таа како пионер ја добила првата задача како курир да носи писма и да пренесува илегалци. Сè повеќе се ангажирала, читала и растурала летоци.

На 15 години, во 1942 година ја примиле во СКОЈ. Лесно се движела низ градот затоа што окупаторот не се сомневал дека е комунист затоа што татко ѝ бил оџа. Во нивната куќа се одржувале состаноци и свраќале илегалци. Активноста на Ибе во партиската организација во Дебар била високо ценета, па во јуни 1943 година ја примиле во КПЈ. Оттогаш нејзината активност била сè поголема. Таа била огнен агитатор не само во Дебар туку и во околните села.

По капитулацијата на Италија во септември 1943 година, во Дебар се организирала народна власт, а Ибе деноноќно била во акција. Кога партизаните се повлекувале од Дебар, Ибе заминала заедно со нив и стапила во единиците на НОВ и ПОМ. Меѓутоа, Партијата ја враила во Дебар, во илегала, во својство на член на Месниот комитет на КПЈ за Дебар. Нејзината политичка работа се одвивала меѓу женската младина.
Непријателот се обидувал да ја оневозможи и за да не падне во рацете на непријателот или да биде убиена, Месниот комитет го одобрил нејзиното стапување во партизани. Ибе се истакнала како партизанка и на 6 август 1944 година станала заменик-комесар на чета во Четвртата албанска бригада на НОВ. Од формирањето, бригадата била во постојана борба со балистите. Балистите биле потпомагани од Германците, кои ги снабдувале со тешко вооружување.

Во една таква борба на периферијата на Кичево на 20 септември 1944 година, при пробивот на партизаните таа била во последната група. Во борбата меѓу селата Премка и Шутово, Ибе била тешко ранета и по два дена им подлегнала на повредите во селото Шутово, Кичевско.

За народен херој на Југославија е прогласена на 8 октомври 1953 година.

реклама

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Што носи транзитот на Венера во Скорпија на 13 октомври за секој хороскопски знак?

Read more

Шпанците на улица: Не можеме да живееме во сопствени градови

Read more

Реал подготвува нов мегатрансфер  

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот

Read more

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Read more

Без струја делови од неколку скопски населби

Read more

Сончево време со температури до 25°C

Read more
 

Вести

Жесток израелски напад на дворот на болницата во Газа, најмалку четворица мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот

Читај повеќе

Кои се седумте држави кои ќе одредат кој ќе биде следниот претседател на САД?

Читај повеќе

Доларот зајакна, скокнаа цените на нафтата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шпанците на улица: Не можеме да живееме во сопствени градови

Читај повеќе

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

ЕУ сака да воведе санкции против Иран поради испраќање ракети до Русите

Читај повеќе

Без струја делови од неколку скопски населби

Читај повеќе

Зеленски: Северна Кореја испраќа војници во руската армија

Читај повеќе