Претседателот на Левица, професорот Димитар Апасиев, имаше обраќање во Собранието за предлог-измените на Законот за извршување и Законот за облигациони односи.
„Сагата со затезните камати за граѓаните продолжува. Силни беа најавите дека на каматите им доаѓа крајот, но ништо од тоа. Затоа што за Законот за извршување и за Законот за облигациони односи дописи пратија крвопиите на граѓаните. Тоа се Стопанската Комора, Македонската банкарска асоцијација, тоа се Извршителска Комора, Нотарска Комора, ЕВН итн“, рече Апасев, па продолжи:
„Сите овие со рафален напад кон пратениците да не се донесат измените на овие два закона. Дрскоста оди до таму што во дописите тврдат дека ќе ги лишиме од гарантиран приход - односно затезните камати си ги планираат за гарантиран приход. Каматите на одењата во минус на кредитна картичка се 12,75%, што е светски рекорд и нема никаде во светот. Сѐ што е над 4% е лихварска камата“.
„Еден член предлагаме и тој гласи: Казнената камата престанува да тече по сила на закон кога сумата на втасаните, а неисплатени камати, ќе ја достигне висината на главницата. Значи, пратениците на Левица предлагаат да се воведе забрана за течење камати на камати, со што директно ќе им се помогне на граѓаните кои не можат да излезат од должничко ропство на банките“.