Апелација треба да одлучи за притворите на Груевски, Јанкуловска и Јанакиески

Најдоцна викендов скопска Апелација треба да одлучи по жалбите на СЈО за неопределувањето мерка притвор за обвинетите во случаите кои ги отвори тимот на Јанева. Тричлен совет судии треба да ги разгледа жалбите и во рок од 48 часа од приемот на жалбите треба да се произнесе.

Само во случајот „Титаник“ СЈО поднесе пет жалби на решенијата за притвор за Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и за Кирил Божиновски. Од тимот на Јанева се жалат и на одлуките на Кривичниот суд за неопределување мерка притвор за екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, за шефот на кабинетот на министерката Гордана Јанкуловска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Б. и Н.Н.

Претходно од СЈО соопштија дека се обжалени 6 решенија за притвор, и тоа за две лица во предметот „Тендери“ и за по едно лице во предметите „ТНТ“, „Тотал“, „Триста“ и „Траекторија“, односно за екс-министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, за новинарот и бизнисмен, Драган Павловиќ-Латас,  и за помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски.

Апелација може да ги укине решенијата на понискиот суд, да ги преиначи и да ги врати на повторно одлучување.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе