Апокалиптичен земјотрес му се заканува на Балканот, предупреди албанскиот претседател во јули

Албанскиот претседател Илир Мета го посети Туман, едно од најпогодените места во синоќешната серија земјотреси во земјата и пошироко, и изјави дека со посебно внимание ја следи ситуацијата по земјотресите што ја погодија неговата земја оценувајќи ја истата како многу драматична.

Додека земјата се справува со последиците од разорните земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6,4 степени по Рихтер, во кој загинаа најмалку 14, а повредени се повеќе од 600 лица, регионалните медиуми потсетуваат на писмото на Мета од јули годинава во кое тој предупреди за „апокалиптичен земјотрес“.

Во писмо до премиерот Еди Рама, вице-премиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка, албанскиот претседател Мета во јули годинава предупреди дека„ апокалиптичен земјотрес му се заканува на Балканот“.

Како шеф на Националниот совет за безбедност, Мета побарал информации од релевантните институции за овој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.

„Се информирав преку странски и домашни медиуми дека постојат предупредувања за апокалиптичен земјотрес што ќе го погоди Балканот. Предупредување даде и еминентниот сеизмолог Аксис Целентис. Тој предупреди дека овој апокалиптичен земјотрес би можело да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Имајќи ги предвид сеизмички карактеристики на Албанија како една од земјите со највисока сеизмичка активност во Европа, земјата е најзагрозена од овој природен феномен“, вели Мета во писмото.

Toj понатаму бара повеќе информации и предупредува за можните мерки кои би се презеле, додавајќи дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.

Сеизмологот Целентис тогаш се огласи на тврдењата на Мета и рече дека е изненаден од ваквите предупредувања.

„Никогаш не сум дал специфични прогнози за земјотреси и никогаш не сум бил во контакт со вашиот претседател“, изјави во јули сеизмологот и директор на Националната опсерваторија за геодинамика во Атина, за албанскиот дневен весник Shqiptarja.com.

Тој тогаш додаде дека е невозможно да се предвидат земјотресите, инаку повеќето развиени земји досега ќе преземеле мерки против оваа елементарна непогода и ќе спречеле да има жртви.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе