AstraZeneca побара одобрение за третман со антитела против COVID-19

Британско-шведската фармацевтска компанија AstraZeneca, која разви една од првите вакцини против коронавирус, побара од Американската администрација за храна и лекови (ФДА) да го одобри нејзиниот третман со антитела за спречување на болеста.

Компанијата денеска соопшти дека третманот познат како AZD7442 ќе биде првата комбинација на антитела со долго дејство која би добила одобрение за итна употреба за превенција од COVID-19.

„Третманот може да им помогне на луѓето чиј имунолошки систем не реагира соодветно на вакцинација“, наведува AstraZeneca.

Извршниот потпретседател на AstraZeneca, Мене Пангалос рече дека ранливото население, како што се луѓето со слаб имунолошки систем, често не можат да развијат заштитна реакција по вакцинацијата и ризикуваат да добијат COVID-19.

Според него, со овој препарат, светот е поблиску до обезбедување дополнителна опција за заштита од COVID-19, покрај вакцините.

Побарувачката за третмани за антитела во САД се зголеми во текот на летото, особено во држави како Флорида, Луизијана и Тексас, каде хоспитализациите кај невакцинираните пациенти се закануваат да го преоптоварат здравствениот систем.

Главниот третман на антитела што се користи во САД е Регенеронов двоен коктел на антитела. ФДА го одобри препаратот Регенерон како заштита за лицата со висок ризик од тежок облик на COVID-19.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе