Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Алтернатива за Германија (AfD) веројатно ќе освои значителен број гласови на изборите за Европскиот парламент и покрај скандалите.

Но, AfD стана премногу непријатно друштво дури и за десничарските партии во Европа, пишува Deutsche Welle.

Претстојните избори за Европскиот парламент, според последните анкети, нема да бидат пријатни за традиционалните германски политички партии: германските демохристијани имаат околу 30 отсто поддршка, а социјалдемократите и зелените со околу 15 отсто.

Според анкетите, 15 отсто од гласовите би добила и Алтернатива за Германија (AfD), која во својата програма за европските избори вели дека ќе се бори против „ограничувањето на националниот суверенитет и прераспределбата на благосостојбата и богатството според европските регулативи“, и најавува дека за овие цели ќе придобие и партии од другите земји-членки на ЕУ.

Но, по скандалот околу AfD во последните месеци - кој во Европа сака да му се придружи во заедничкиот пратенички клуб? Со партија чии политичари се осомничени дека незаконски добивале пари од Русија? Или кој наводно вработил кинески шпион и кој го обожава кинескиот авторитарен режим?

Писмена гаранција

Најпрво, односите меѓу AfD и француската крајнодесничарска партија Rassemblement National (RN) предводена од Марин Ле Пен се затегнати со месеци. Како што пренесува Neue Zürcher Zeitung, RN ја разгледува можноста по европските избори да ја напушти крајнодесничарската фракција Идентитет и демократија. На крајот на април, претседателот на RN, Џордан Бардела, не сакаше да каже ништо на прашањата за AfD.

Далеку од тоа дека Марин Ле Пен нема никаква врска со Путин: прекрасно се смешкаше кога го посети во Москва во 2017 година, а уште повеќе се насмевна за милионските заеми што ги доби од банка блиска до Кремљ. Но, тоа се промени: Ле Пен сака да се кандидира на претседателските избори во Франција, а скандалите околу AfD ја мачат. (Ко)претседателката на таа германска партија, Алис Вајдел, го вкуси ова на состанокот овој април во Париз, каде што француската политичарка наводно побарала од германската „пријателка“ писмена гаранција дека AfD никогаш нема да вклучи прогон на мигрантите од Германија во својата партиска програма.

Слично е во Италија и со Fratelli d'Italia на премиерката Џорџа Мелони. Овој јануари таа повтори дека има „непомирливи разлики“ меѓу нејзината партија и германската AfD, а тоа првенствено се однесува на односот со Русија. Кога станува збор за мигрантите, можеби има слични ставови, но кога станува збор за партнери и како вистински Италијанка, Мелони претпочита да се држи до Америка. Таа дури реши да го напушти кинескиот Пат на свилата.

Корупција, шпиони и нацисти

Во меѓувреме, главниот кандидат на AfD на европските избори, Максимилијан Крах, стана преголем товар за самата партија и беше отстранет од предизборниот натпревар. Еден од неговите блиски соработници е уапсен под сомнение дека шпионирал за Кина, а американското ФБИ е заинтересирано за самиот Крах поради исплати од Русија. Државното правобранителство во Дрезден води две истраги против Крах, едната поради плаќања од Русија, а другата затоа што веројатно и тој добил нешто од Кинезите.

И вториот кандидат на AfD за Европскиот парламент, Петр Бистрон, очигледно не е многу подобар: тој исто така е осомничен дека добивал пари од Москва, а има дури и видео на кое Бистрон се лути што парите му биле исплатени во големи апоени. И најлошо од сè, тоа веројатно не е сè: германскиот министер за правда Марко Бушман рече дека „во наредните месеци треба да сметаме на нови откритија на луѓе кои работат за странски земји“ и се чини дека сè повторно се луѓе на AfD.

Таа партија има големи надежи и за кандидатот Зигберт Дрозе: тој „стана славен“ со фотографија на која трогателно ја држи раката над срцето додека стои пред урнатините на хитлеровиот бункер Wolfsschanze. Неговиот автомобил, со кој се вози до потенцијалните гласачи, исто така е проблем: тоа е Mercedes обоен во боите на AfD, со регистарски број L-AH-1818.

Патем, никој не може да добие нацистички кратенки во буквите на германските регистрации - на пример СС или СА - па политичарот на AfD прибегна кон иницијалите на Адолф Хитлер, па дури три пати. Имено, буквите A и H се наоѓаат на првото и осмото место од азбуката, па се симболизирани со бројот 18.

URL
Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Свет

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Read more

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Read more

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Read more

Како иранскиот претседател го доби прекарот Касапот од Техеран?

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе