Австралијци мислеа снимиле метеор, испадна дека е руска ракета

Макфакс
/ 08.08.2023 / 08:48

Синоќа на ноќното небо над Мелбурн беа видени блескави остатоци, при што многумина споделија фотографии и снимки на социјалните мрежи со прашањето дали можеби станува збор за метеор. Светлосниот феномен патувал низ планината Булер до Мелбурн и бил во пламен речиси една минута пред да се распадне во остатоци што силно гореле.

„Ѕвезда што паѓа над Мелбурн или тоа е комета? напиша еден X корисник. „Не знам дали е метеор, комета или вселенско ѓубре“, напиша друг.

Експертите брзо процениле дека се работи за вселенски отпад што изгорел поради триење кога со голема брзина удрил во атмосферата.

URL

Поради големиот јавен интерес, австралиската вселенска агенција објави соопштение во кое се наведува дека забележаните блесоци на светлина најверојатно се остатоци од руската ракета Сојуз-2, лансирана вчеравечер од космодромот „Плесецк“, северно од Москва, која повторно навлезе во земјината атмосфера. Ракетата беше искористена за лансирање на сателит претходно истата вечер.

URL

„Навистина е неверојатно“, изјави професорот Алан Дафи, астроном од Универзитетот Свинбурн, за радиото 3AW. „Тоа е најголемото светлосно шоу што сум го видел, во однос на повторното влегување на некој вид материјал од орбитата“.

URL

Ракетата тежи 105 тони, долга е 25 метри и беше исфрлена на „исклучително голема надморска височина“ откако остана без гориво, рече вонредната професорка Алис Горман од Универзитетот Флиндерс. „Многу жители на Мелбурн ја видоа ракетата како лета низ небото додека се распаѓаше на парчиња, а секое од нив продолжи да гори во спектакуларен огномет“, рече таа.

Остатоците од ракетата се планира безбедно да влезат во атмосферата и да паднат во океанот кај југоисточниот брег на Тасманија, според вселенската агенција, која додава дека „ќе продолжи да ги следи резултатите од ова повторно влегување“.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе