Австралиските власти ја пронајдоа радиоактивната капсула

МИА / КАЈГАНА
/ 01.02.2023 / 09:27

Австралиските власти денеска ја пронајдоа радиоактивната капсула што минатата недела при транспорт беше загубена во Западна Австралија, соопшти државниот министер за вонредни ситуации.

Британските медиуми пренесуваат дека точно една недела траеше потрагата по капсулата, што испаднала од камион на патот долг 1.400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт.

Камионот со капсулата пристигна во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи биле известени за исчезнатата капсула дури на 25 јануари.

Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртката и навоите, по што капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од камионот.

Јадрото на капсулата содржело мало количество радиоактивен цезиум-137, што, доколку се допре, може да предизвика сериозни болести.

Капсулата е со димензии 8 милиметри на 6 милиметри.

Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиумот со период на полураспаѓање до 30 години.

До негово ослободување доаѓа во случај на употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи, поради што претставува голем ризик за животната средина.

Компанијата Rio Tinto пред три дена се извини за загубата на капсулата.

Тагови
реклама

Свет

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more

Снимка од руски војник стана вирална: Добредојдовте во пеколот

Read more
 

Вести

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе