Австрија започнува со масовно тестирање на населението

Австрија, по истекот на мерката за „локдаун“, како што најави канцеларот Себастијан Курц, ќе спроведе масовно тестирање на населението за коронавирусот.

Според планот за тестирање, на 5 декември, ден пред истекот на мерката за „локдаун“, ќе започне тестирањето на наставниците, а потоа и на полицајците.

Првиот викенд од декември ќе бидат тестирани сите вработени во државните училишта, како и персоналот во градинките – околу 200.000 луѓе.

На . и 8 декември ќе се спроведе тестирање на сите околу 40.000 полицајци, а непосредно пред католичкиот Божиќ се планира пошироко тестирање на населението, на доброволна основа.

Во првите недели од декември ќе се спроведе бесплатно тестирање во општини со високо ниво на инфекција.

„На почетокот на следната година се планира ново масовно тестирање во целата земја“, соопшти Владата.

Веќе се набавени седум милиони антиген брзи тестови, а се планираат и натамошни нарачки.

Трошоците за првите седум милиони тестови се околу 50 милиони евра.

Акцијата за масовно тестирање ќе ја спроведат Армијата и Министерството за здравство. Армијата веќе имаше искуство бидејќи и помагаше на Словачка во спроведувањето масовно тестирање таму.

Покрај овие мерки, се работи и на скрининг програма за заштита на домовите за стари лица.

Како што соопшти Владата, веќе се испорачани 315.000 тестови, а други три милиони се обезбедени.

Канцеларот Курц истакна дека тестирањето се врши на доброволна основа.

– Барам од населението да го поддржи овој проект и да учествува во него. Масовното тестирање е голема шанса за Австрија да најде начин за враќање во нормала до вакцинацијата, порача Курц. 

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе