Бајден: Не се размислува за испраќање американска војска во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе се соочи со тешки економски последици доколку се обиде да ја нападне Украина, но вети дека набрзо ќе има средба меѓу Русија и сојузниците од НАТО за да се реши загриженоста на Кремљ за проширувањето на НАТО.

Бајден вели дека бил „многу отворен“ со Путин за време на нивната видеосредба.

„Сигурен сум дека ја разбра мојата порака“, изјави Бајден пред Белата куќа пред да замине за Канзас Сити.

На прашањето од новинарите дали ќе ја вклучи американската војска на терен за да ја запре Русија, Бајден рече дека опцијата „не е на маса“ и дека обврската на САД да ги штитат сојузниците во НАТО не се однесува на Украина, која не е во Атлантската алијанса. .

Бајден рече дека САД, нејзините сојузници и Русија треба да седнат и да разговараат за жалбите на Москва за проширувањето на НАТО.

„Се надеваме дека до петок ќе можеме да најавиме состанок на високо ниво, најмалку четири главни членки на НАТО со Русија за да разговараат за загриженоста на Москва во врска со проширувањето на Алијансата и што можеме да направиме за да ја намалиме температурата долж Источниот фронт (во Украина)“, појасни Бајден.

Путин ветил дека Москва за неколку дена ќе ги испрати своите предлози за решавање на безбедносните прашања до САД. Тој повтори дека не планирал напад на Украина, но рече дека Москва не може да остане рамнодушна на можното проширување на НАТО.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе